Совет на општината Шуто Оризари

Права и надлежности


Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните од Општината, кој одлучува во рамките на правата и надлежностите на општината.

Советот го сочинуваат 19 членови, избрани како претставници на граѓаните на општи и непосредни и слободни избори, со тајно гласање. Членовите на Советот ги претставуваат граѓаните, а аво Советот одлучуваат според своето уверување.
Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членовина седницата, а најмалку со една третина од гласови од вкупниот број на членови на Советот.

Советот самостојно ги врши следните работи:
-    Донесува Статут на Општината
-    Донесува Буџет на општината и завршна сметка
-    Донесува деловник и  програма за својата работа
-    Избира и разрешува претседавач на Советот
-    Именува и разрешува секртар на Советот
-    По предлог на градоначалникот, именува и разрешува раководни тела на претпријатија и јавни установи што ги основа општината
-    Други задачи и права согласно својата програма и деловник

Советот донесува деловник на Советот. Советот донесува одлуки, планови и програми за развој на општината и други општи акти.