Проектот за подобрување на општински услуги MSIP-IPA-NCB-096-17

Општина Шуто Оризари

Комуна Шуто Оризари

Република Македонија Republika Makedonija

                                                                                                                   

Општина Шуто Оризари согласно добиените грант средства од Европската комисија во рамките ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услуги МSIP, на ден 10.02.2017 година, објави Јавен повик за Проектот за подобрување на општински услуги  MSIP-IPA-NCB-096-17, за ,,Реконструкција на локален пат за поврзување на село Горно Оризари со Долно Оризари’’ и ,,Реконструкција на пристапни локални патишта-крак1, крак 2, крак 3, крак 4 и крак 5 во село Горно Оризари’’.Јавниот повик беше објавен на web страната на општина Шуто Оризари и во дневните весници,,Дневник’’ и  ,,Коha’’. На Јавниот повик со свои запечатени Понуди и другата потребна тендерска документација, се пријавија во  предвидениот рок, следните Понудувачи:

  • Фабрика ,,КАРПОШ’’ АД СКОПЈЕ со седиште на ул.,,Ацо Шопов’’ бр.76 Скопје
  • ДГТ ,,ЖИКОЛ’’ ДООЕЛ СТРУМИЦА со седиште на ул.,,Антон Панов’’ бр.14 Струмица
  • ДТГТ ,,ВАТО’’ ДОО СТУДЕНИЧАНИ СКОПЈЕ со седиште на ул.,,4’’ бр.19 с.Батинци, Скопје
  • ДГПИ ,,ПЕЛАГОНИЈА’’ АД ГОСТИВАР со седиште на ул.,,Браќа Гиноски’’ бб Гостивар

 

Јавното отварање на Понудите, на кое присуствуваа членовите на Комисијата за јавни набавки и  представниците од сите четири понудувачи, се одржа во предвидениот рок на 13.03.2017 година  во 12 часот, во салата за состаноци на Советот на општина Шуто Оризари.Комисијата за јавни набавки при јавното отварање состави записник и ги константира следните понудени цени на Понудувачите:

 

1.ФАБРИКА ,,КАРПОШ’’  АД СКОПЈЕ ....................................................4.854.869,00 МКД

2.ДГТ ,,ЖИКОЛ’’ ДООЕЛ СТРУМИЦА ..............................................6.655.660,00 МКД

3.ДТГТ,,ВАТО’’ ДОО  СТУДЕНИЧАНИ СКОПЈЕ..................................4.983.084,00 МКД

4.ДГПИ ,,ПЕЛАГОНИЈА’’ АД ГОСТИВАР...........................................4.781.784,00 МКД   

 

Сите четири понудувачи ги исполнија условите предвидени со Јавниот повик.Како најповолен Понудувач кој ги исполнива условите  и е со најниска цена од 4.781.784,00 МКД што беше главен критериум, за изведувач на работите е избрана фирмата ДГПИ ,,ПЕЛАГОНИЈА’’ АД ГОСТИВАР, и истиот е  одобрен од Светска банка.

После докомплетирање на потребната документација и потпишување на Договор за изведба, работите треба да започнат во втората половина на месец мај 2017 година  и треба да бидат завршени заклучно со месец септември 2017 година.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, г-дин Елвис Бајрам,  нагласи дека со реконструкцијата и асфалтирањето на овие локални патишта, ќе биде надминат голем проблем со кој се судруваат локалните жители и нивната комуникација со населбата Шуто Оризари, градот Скопје и соседните населени места, ќе биде значително подобрена, и ќе биде намалена сообраќајната гужва во населбата.

 

Крак-1-с-Горно-Оризари.pngКрак-4---с-Горно-Оризари.pngКрак-2----с-Горно-Оризари.pngpat 3.pngКрак-3-с-Горно-Оризари.pngКрак-5-с-Горно-Оризари.png

Нацрт Стратегиска оцена на животна средина за нацрт Регионален план за управување со отпад за Скопски регион

Подготовка на документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион.

Нацрт Стратегиска оцена на животна средина за нацрт Регионален план за управување со отпад за Скопски регион (pdf формат)

СВЕЧЕНО СЕ ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ТРИТЕ УЧИЛИШТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Учениците од населбата Шуто Оризари од оваа нова учебна година веќе ќе учат во нови училници и нови клупи. Пуштено во употреба средното училиште “Шаип Јусуф“, доградени се 21 училници во О.У. Браќа Рамиз и Хамид и доградени се 9 нови училишни простории во О.У. 26 Јули. 

Повеќе...

НОВОГОДИШНИ АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Општината Шуто Оризари работи напорно за изгледот на централните подрачја на општината за претстојните празници. Украсен е плоштадот на општината, улиците, Јован Хаџи Шишков, и Нов Живот и украсен е паркот на градинката 8-ми април. Активностите траеа околу 10 дена и напорната работа се исплати бидејќи општината навистина изгледа преубаво.

 

 

2.jpg1.jpg3.jpg4.jpg

ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА 8-МИ АПРИЛ

Градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам на децата од детската градинка за новогодишните празници им подари нов вантрешен ентериер. Во соработка со донаторите УНДП и УНИЦЕФ се реновира градинката во нејзиниот внатрешен простор . Децата од градинката имаат нови столчиња и клупи и многу дидактички материјали. 

По лобирањето на Градоначалникот на општината Шуто Оризари Елвис Бајрам, детската установа ќе има и нови тоалети кои ќе овозможуваат подобри и поздрави услови за децата. 

-Иако се ближат празници, сепак, општината мора да се грижи и за најмалите деца. Успеавме да најдеме донатори и со дел од средствата на општината, се реновира детската градинка 8-ми Април. Ова нека е подарок за децата за новогодишните празници

Директорката на установата Санела Емин вели ново во градинката е тоа што нашите детски купатила се реновирани целосно,добивме нови маси, столчиња, дидактички матријали, играчки и други алатки со кој можеме да им помогнеме на децата за нивниот развој.

Голема благодарност да упатам до Организацијата" СУМНАЛ" за партнерството со Општината и Градинката.

10846071_881428155225229_3140701939542188169_n.jpg10614299_881428191891892_1923233980772162466_n.jpg10846320_881428201891891_4772632685582959508_n.jpg10849829_881428638558514_2245173534423462457_n.jpg10857835_881428341891877_5818376531793776730_n.jpg1512539_881428528558525_1579787501871927646_n.jpg