СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Почитувани,

 

Чест ми е да Ви ја претставам Стратегијата за локален економски развој на општина Шуто Оризари, изработена во рамките на проектот Општините во акција за Ромите.

Повеќе...

Поддршка на малото стопанство

Економскиот развој е врвен приоритет на секоја општина. Економскиот развој значат дополнителни приходи за буџетот на општината , но значат и вработувања , а со тоа и намалување на сиромаштијата.

Повеќе...

Нови автобуски постројки

Во соработка со град Скопје, планирано е изградба на нови автобуски постројки. Автобуските стојалишта општината ќе почне да ги поставува во април годинава. Ќе има три типа на стојалишта кои се разликуваат според нивната големина, а истите ќе имаат настрешница, информативна табла, клупа за седење, канта за отпадоци и табла со име на постојката и броеви на автобуси коишто стојат на неа.

Мини рекреативен центар во с. Горно Оризари

Во рамките на општина Шуто Оризари, е и селото Горно Оризари. Планирано е изградба на мини рекреативен и детски забавен центар кој ќе биде наменет за младите од с. Горно Оризари.

Нови спортски терени

За развојот на масовниот спорт општината планира да изгради повеќенаменски игралишта. Тие  ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат преку ден и преку ноќ и ќе бидат соодветно место за собирање и за дружење  на младите генерации, како и основа  за создавање на здрава младина  и одлична превентива од пороците на модерното живеење.