Градоначалник

Почитувани сограѓани,

               Во 2009 година на локалните избори се кандидирав за градоначалник на општина Шуто Оризари и се обврзав дека ќе ја реализирам ветената програма за која ја добив Вашата доверба.

               Имајќи предид дека од тогаш до сега поминаа 4 години, заклучив дека пред Вас треба да ислезам со овој информатор, преку кој ќе Ве потсетам и запознаам со она што е реализирано во општината Шуто Оризари и се разбира за малиот дел на нереализирани обрвски кои што во тој период можеби беа амбициозно предвидени.

               Најнапред почнавме со улиците, санирање на ударни дупки,  асфалтирање, како и редовно одржување и изградба на сервисни улици во рамки на постоечките.
Сето тоа денес на граѓаните од општината им овозможува по безбедно движење и придонесува за непречено одвивање на сообраќајот.

Плоштадот во централното подрачје на општината целосно го реконструиравме и истиот доби нов модерен изглед уреден со нови канделабри, корпи за отпадоци, клупи, жаридиниери и нови зелени насади. Исто така изградивме фонтана во централниот дел на плоштадот која го разубавува постоечкиот изглед.

Во соработка со ЕВН Македонија целосно го обновивме и доградивме игралиштето за млади улицата Ѓорѓи Пенков. Исто така изградивме и повеќенаменско спортско игралиште во рамки на спортско-рекреативниот центар. Ова игралиште се простира на површина од 5000 м2 и истото е опремено со реквизити за фудбал и кошарка и истото е хортикултурно уредено. На игралиштето се поставени корпи за отпадоци и десетина канделабри кои го осветлуваат овој простор.

Како општина, бевме дел од поектот “Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување” чија целта бешее да им се овозможи на учениците од основно образование од шест општини, преку спортски активности, дружење, комуникација и посета на локални културни знаменитости, подобро да се запознаат со своите врсници кои потекнуваат од различни културни или етнички заедници, да го развиваат духот на заедништво и меѓусебно разбирање и почитување.

Некогаш запуштениот простор покрај градинката “8-ми Април” во општина Шуто Оризари, денес е современ парк хортукултурно уреден и опремен со клупи и корпи за отпадоци кој граѓаните на општината може да го користат за повеќе намени.

На територијата на општина Шуто Оризари поставени се вкупно 50 нови контејнери ангажирани се комунални редари, 145 сезонски работници, бесплатно се поделени вкупно 600 канти за собирање на ѓубре од домаќинствата и набавени се 6 комунални возила за спобирање на смет. Комплетно се отстранети 4 диви депонии од територијата на општина Шуто Оризари кои ја загадуваа животната средина и во голем дел ја предизвикуваа разни заразни болести и инфекции кај населението.

Во насока на разубавување на изгледот на општината уредени се тротоарите со бегатон плочи, поставени се нови канделабри и целосно е обновена постоечката улично осветлувачка мрежа со нови сијалици и поставени се нови улични рефлектори.

Во 2009 година беше пуштена во употреба новата хидрофорска постројка со којашто се подобри водоснабдувањето на дел од населбата Шуто Оризари.

Денес проблемот со непостоењето на гинеколошка ординација во општината е минато и за потребите на социјално ранливите категории воведен е “партолен социјален тим” како проект на МТСП. 
На почетокот на новата индустриска зона поставен е камен-темелник на погон за производство на опрема за рециклирање на отпад и за третман на отпадни води на компанијата „Техникс“ од Хрватска во која ќе се вработат околу 50 луѓе.
Почитувани ја почнавме и градбата на средно училиште која денес е при самиот крај. Исто така издејствувавме и доградба на основното училиште “Браќа Рамиз и Хамид”.

              Ветивме и ги реактивиравме постоечките спортски клубови кои претходно не функционираа во општината, кошаркарскиот клуб “К.К. Шутка”, фудбалскиот клуб ”Ф.К. Напредок”, како и пинг понгарски клуб кој е во развој.

За потребите на фудбалскиот клуб ”Ф.К. Напредок” целосно беше уреден теренот за спортски натпреварувања и денес истиот е арена во која младите фудбалери од оваа општина ги одмеруваат спортските сили со останатите клубови.

Почитувани, успеавме многу да направиме, но останаа уште толку повеќе работи кои треба да за завршат.

Ви благодарам за довербата и поддршката што цело време ја имав од Вас во реализацијата на сите овие активности кои се во функција на развојот и унапредувањето на општината Шуто Оризари.

Со почит,

Елвис Бајрам,
Градоначалник на општина Шуто Оризари